Skip to content

BlackBerry Passport SQW100-1 Smartphone

RGY181LW

Информации за безбедноста

Пред да започнете со користење на вашиот BlackBerry smartphone уред (во натамошниот текст наречен smartphone уред), прегледајте ги информациите за безбедност и законски прописи дадени во овој документ. Овој документ, чувајте го на безбедно место, за да ви биде достапен секогаш кога ќе ви биде потребен.

Во некои земји може да постојат ограничувања при употреба на уреди кои поседуваат Bluetooth како и на безжични уреди со програми за шифрирање. Информирајте се кај локалните органи на власт околу ограничувањата во вашето подрачје.

За да ги погледнете најновите информации за безбедноста и производот, посетете ја страницата www.blackberry.com/safety.

За да ги погледнете најновите информации за гаранцијата, посетете ја страницата www.blackberry.com/legal.

Важни безбедносни мерки

На оваа слика се прикажани елементите кои се опишани во текстот што следува.

Со вашиот smartphone уред, користете единствено одобрени батерии и полначи. Користењето батерии или полначи кои не се одобрени од страна на BlackBerry, може да доведе до ризик од запалување или експлозија, што може да предизвика сериозни повреди, смрт или загуба на материјални добра.

Користете единствено футроли кои се одобрени од BlackBerry. Користењето на футроли кои не се одобрени од страна на BlackBerry може да предизвика вашиот smartphone уред да ги надмине стандардите за изложеност на радиофреквентно зрачење.

На оваа слика се прикажани елементите кои се опишани во текстот што следува.

Држете го smartphone уредот најмалку 1,5 cm (0,59 инчи) оддалечен од вашето тело. Кога го носите smartphone уредот потпрен на телото, употребувајте само галантерија која располага со вграден прицврстувач за на ремен, а доколку галантеријата не е испорачана од BlackBerry, осигурете се галантеријата да не содржи метал. Ако не ги следите овие упатства, вашиот smartphone уред може да ги надмине стандардите за изложеност на радиофреквентно зрачење. Дали има долгорочни здравствени ефекти од надминувањето на стандардите за радиофреквентна изложеност е предмет на тековни научни студии.

За повеќе информации околу сообразноста на овој smartphone уред со напатствијата на FCC за изложеност на радиофреквентно зрачење, посетете ја страницата www.fcc.gov/oet/ea/fccid и побарајте FCC ID за вашиот smartphone уред наведен подолу. FCC ID се наоѓа на задната страна на вашиот smartphone уред.

  • BlackBerry Passport SQW100-1 smartphone уред (број на модел RGY181LW): FCC ID L6ARGY180LW
На оваа слика се прикажани елементите кои се опишани во текстот што следува.

Вашиот smartphone уред е конструиран да работи при температури помеѓу 32 и 95°F (0 и 35°C). Користењето на вашиот smartphone уред вон препорачаниот опсег за температура може да предизвика оштетување на вашиот smartphone уред или литиум-јонската батерија.

На оваа слика се прикажани елементите кои се опишани во текстот што следува.

Не потпирајте се единствено на вашиот smartphone уред за итните повици. Безжичните мрежи кои се потребни за остварување на итните повици или испраќање на пораки не се достапни во сите области, а исто така броевите за итни повици како 911, 112 или 999, може да не доведат до поврзување со итните услуги во сите области.

На оваа слика се прикажани елементите кои се опишани во текстот што следува.

Вашиот smartphone уред и дополнителната опрема за smartphone уредот не се наменети за деца. Ако дозволите дете да го користи или да ракува со вашиот smartphone уред или со дополнителната опрема за smartphone уредот, мора да вршите надзор. Вашиот smartphone уред содржи мали делчиња кои претставуваат опасност од голтнување.

На оваа слика се прикажани елементите кои се опишани во текстот што следува.

Вашиот smartphone уред држете го понастрана од медицински уреди, вклучувајќи срцеви стимулатори и слушни помагала, бидејќи тие можат да започнат да работат неисправно и да предизвикаат сериозни повреди или смрт за вас или другите луѓе.

На оваа слика се прикажани елементите кои се опишани во текстот што следува.

Немојте да го ставате вашиот smartphone уред во допир со течности бидејќи тоа може да предизвика краток спој, пожар или струен удар.

На оваа слика се прикажани елементите кои се опишани во текстот што следува.

Кога го употребувате звучникот на вашиот smartphone уред, немојте да го држите smartphone уредот во близина на увото. Може да дојде до сериозно и трајно оштетување на слухот.

На оваа слика се прикажани елементите кои се опишани во текстот што следува.

Изложувањето на светлина од блицот на вашиот smartphone уред може да предизвика епилептични напади или состојба на бесознание и може да биде опасно по вас или по други луѓе. Во ситуација кога вие или некој близу до вас почуствува дезориентираност, губење на свест, грчеви или некои други несакани движења додека го употребувате вашиот smartphone уред, престанете со употребата на smartphone уредот и веднаш консултирајте се со доктор. LED светилката за известување е поставена на предната страна од вашиот smartphone уред, во горниот десен агол. Доколку вашиот модел на smartphone уред има фотоапарат, LED решетката за блицот е поставена на задната страна од smartphone уредот, над или десно од леќата на фотоапаратот. Ако имате историја на епилептични напади или бесознание, консултирајте се со вашиот лекар пред да почнете со употреба на вашиот smartphone уред.

На оваа слика се прикажани елементите кои се опишани во текстот што следува.

Немојте да го употребувате вашиот smartphone уред додека возите, освен ако немате законска дозвола за користење на smartphone уредот во hands-free режим. Употребата на вашиот smartphone уред за време на возење може да го зголеми ризикот од несреќа за вас и останатите патници, што може да доведе до сериозни повреди, смрт или загуба на материјални добра.

На оваа слика се прикажани елементите кои се опишани во текстот што следува.

Немојте да го користите smartphone уредот во присуство на издувни гасови бидејќи тоа може да доведе до ризик од запалување или експлозија.

На оваа слика се прикажани елементите кои се опишани во текстот што следува.

Немојте да го фрлате вашиот smartphone уред во оган бидејќи тоа може да предизвика експлозија, што може да доведе до сериозни повреди, смрт или загуба на материјални добра.

На оваа слика се прикажани елементите кои се опишани во текстот што следува.

Исклучете го вашиот smartphone уред во авион. Користењето на вашиот smartphone уред во авион може да влијае врз работата на инструментите во воздухопловот, комуникацијата како и перформансите; може да предизвика проблеми во работата на мрежата; може да ја загрози сигурноста на воздухопловот, екипажот и патниците; а може да биде и противзаконска.

На оваа слика се прикажани елементите кои се опишани во текстот што следува.

Smartphone уредите не се безусловно безбедни и не можат да се користат во присуство на експлозивни гасови, експлозивен прав или други експлозивни хемикалии. На такви места една искра може да предизвика експлозија или пожар, што може да доведе до сериозни повреди, смрт или материјални штети.

Безбедно користење на вашиот smartphone уред

  • Не поставувајте тешки предмети врз вашиот smartphone уред.
  • Не обидувајте се да вршите промени или да го поправате вашиот smartphone уред.
  • Немојте да се обидувате да ги покривате или да вметнувате предмети во отворите на вашиот smartphone уред, освен доколку за тоа не постојат напатствија во документацијата за smartphone уредот која е испорачана од BlackBerry. Ова дејство може да предизвика краток спој, пожар или струен удар.
  • Не користете остри предмети за работа на екранот.
  • Немојте да користите прекумерна сила на екранот.
  • Немојте да го употребувате вашиот smartphone уред или галантеријата на smartphone уредот во близина на вода (на пример близу до када или лавабо, во влажен подрум или близу до базен).
  • Немојте да го оставате вашиот smartphone уред или галантерија на smartphone уредот на каква било нестабилна површина. Smartphone уредот или дополнителната опрема за smartphone уредот би можеле да паднат, на тој начин предизвикувајќи сериозни повреди на луѓето, како и сериозно оштетување на самиот smartphone уред или на дополнителната опрема за smartphone уредот.
  • Екранот на вашиот smartphone уред е изработен од стакло. Стаклото може да напукне или да се скрши доколку ви падне вашиот smartphone уред или пак се примени сила врз стаклото. Доколку напукне или се скрши, немојте да го допирате стаклото сѐ додека екранот не биде поправен.
  • За време на употреба на вашиот smartphone уред, правете почести паузи. Ако додека го употребувате вашиот smartphone уред почувствувате било какви непријатности во вашиот врат, рамења, раце, зглобови, дланки (вклучувајки ги палците и прстите) или во било кои други делови од телото, веднаш престанете со употребата на уредот. Ако непријатностите продолжат, консултирајте се со доктор.
ВНИМАНИЕ:
Вашиот уред содржи Класа 1 LED ласерски производ. Какви било постапки или прилагодувања кои тука не се наведени би можеле да доведат до изложување на опасно LED ласерско зрачење.

Електрична безбедност

Полнете го smartphone уредот со помош на галантерија за полнење која е испорачана од BlackBerry или одобрена исклучиво од BlackBerry за употреба со овој smartphone уред. Не користете галантерија за полнење што не е усогласена со Барањата за сертификација за усогласеност на батериски систем CTIA на IEEE Std 1725, бидејќи може да претставува ризик од пожар, експлозија, протекување на батеријата или друга опасност која може да предизвика тешка повреда, смрт или загуба на имот и може да ја направи гаранцијата неважечка.

Одобрени модели на дополнителна опрема за полнење на паметниот телефон BlackBerry Passport

Кабли за полнење: HDW-50071-001, HDW-50071-002, HDW-50071-003, HDW-50071-004, HDW-51800-001, HDW-51800-002, HDW-59105-001, HDW-62449-001, HDW-62449-002

AC полначи: HDW-58920-001, HDW-58921-001, HDW-58922-001, HDW-58923-001, HDW-58924-001, HDW-58925-001, HDW-58926-001

Полначи за батерија: HDW-54535-001

Употребувајте ја галантеријата за полнење која ја добивте со smartphone уредот или која било друга галантерија за полнење одобрена од BlackBerry само со извор на напојување кој соодветствува на оној кој е наведен на налепницата. Пред употреба на кој било уред за напојување, проверете дали напонот на мрежата соодветствува со напонот означен на уредот за напојување. Smartphone уредот поврзувајте го единствено со адаптери со CTIA сертификат, производи кои го носат USB-IF логото или производи кои ја имаат исполнето програмата за USB-IF усогласеност.

Немојте да ги преоптоварувате приклучоците за струја, продолжителните кабли или прирачните приклучоци, бидејќи тоа може да доведе до опасност од пожар или струен удар. За да го намалите ризикот од оштетување на кабелот или на приклучокот, секогаш кога ја извлекувате галантеријата за полнење од ѕидниот приклучок или од прирачниот приклучок, повлекувајте го приклучокот, а не кабелот.

Заштитете го кабелот за напојување од било какво газење или превиткување, особено на местото каде што е приклучокот и на местото каде што кабелот се вметнува во smartphone уредот. Секогаш спроведувајте го кабелот за напојување на тој начин што ќе го намалите ризикот од повреди на други луѓе, како што е сопнување или задушување. Галантеријата за полнење исклучете ја од напојување за време на грмежи или кога не се користи. Немојте да ја употребувате галантеријата за полнење на отворен простор или во подрачје кое е изложено на лоши временски услови.

Дополнителни информации за поврзување на изворот на напојување побарајте во документацијата која ја добивте заедно со вашиот smartphone уред.

За да купите дополнителна опрема за вашиот smartphone уред, обратете се до вашиот безжичен оператор или посетете www.shopblackberry.com.

Безбедност во однос на батеријата

Вашиот паметен телефон содржи литиум-јонска батерија што не може да се отстрани. Не обидувајте се да ја отстраните батеријата. Отстранувањето на батеријата ќе ја прекине важноста на Ограничената гаранција за вашиот паметен телефон и може ја оштети батеријата.

Батеријата може да претставува опасност од пожар, експлозија или хемиски изгореници доколку не се ракува со неа правилно. Не оставајте батеријата да дојде во контакт со течности. Немојте да ја загревате батеријата на температура над 140°F (60°C). Загревањето на батеријата над 140°F (60°C) би можело да предизвика запалување или експлодирање на батеријата.

На оваа слика се прикажани елементите кои се опишани во текстот што следува.

Не изложувајте ги smartphone уредот и неговата батерија на оган или други надворешни извори на топлина, како што се врели чинии, рингли, грејачи или рерни, бидејќи тоа може да предизвика оган или експлозија.

На оваа слика се прикажани елементите кои се опишани во текстот што следува.

Не обидувајте се да вметнувате предмети во батеријата. Немојте да ја препроизведувате, расклопувате, изменувате, кршите, дупчите, превиткувате или распарчувате батеријата. Ако батеријата била препроизведувана, расклопувана, изменувана, кршена дупчена или изменувана на кој било друг начин, веднаш престанете со нејзина употреба.

Не правете кратки споеви во батеријата и не дозволувајте метални или проводливи предмети да дојдат во контакт со половите на батеријата.

ВНИМАНИЕ:
Не обидувајте се да ја отстраните батеријата. BlackBerry ги назначува батериите за употреба со smartphone уредите во согласност со IEEE Std 1725. Употребата на други батерии може да претставува ризик од пожар, експлозија, протекување на батеријата или друга опасност. Ве молиме обрнете внимание истрошените батерии да ги фрлите во отпад во согласност со упатствата наведени во овој документ.
Икона за индикација дека недостасува батерија Икона за грешка во батеријата

Кога една од овие две икони ќе се појави на вашиот паметен телефон, тоа значи дека дошло до грешка или во батеријата или во поврзувањето на батеријата. Вратете го вашиот паметен телефон кај квалификуван сервисен персонал за да биде поправен.

Безбедност за време на возење и пешачење

Не користете го вашиот smartphone уред додека возите. Своето внимание во целост насочете го кон возењето; вашата безбедност е вашата прва одговорност. Ваша одговорност е да ги знаете и да ги почитувате законите и одредбите за употреба на безжични уреди во подрачјата во кои возите.

Пред да започнете со возење, поставете го вашиот smartphone уред на сигурно место. Ако вашето возило е опремено со воздушно перниче, немојте да го ставате вашиот smartphone уред или било каква било друга галантерија врз перничето, или во близина на подрачјето на неговото отварање. Ако воздушното перниче се активира, тоа може да доведе до сериозни повреди.

Радиофреквентните сигнали можат да предизвикаат пречки кај несоодветно инсталираните и недоволно заштитените електронски системи во моторното возило. Проверете го ова кај производителот на возилото или кај неговиот застапник. Исто така, во врска со радиофреквентните сигнали би требале да се посоветувате и со произведувачите на дополнителната опрема која е вградена во вашето возило.

Немојте да го користите вашиот smartphone уред додека пешачите или сте зафатени со одредена активност која целосно ви го одзема вниманието. Невниманието во однос на сообраќајот или другите опасности при пешачењето може да резултира со сериозни повреди, смрт или загуба на материјални добра.

Дополнителна опрема

Користете ја само онаа дополнителна опрема која што е одобрена од BlackBerry за употреба со овој конкретен модел на smartphone уред. Употреба на дополнителна опрема која не е одобрена, може да ја поништи која било дозвола или гаранција која се однесува на овој smartphone уред, може да доведе до запирање на работата на smartphone уредот и може да биде опасна.

Решенија за носење: Вашиот smartphone уред можеби не се испорачува со футрола (дополнителна опрема која се носи потпрена на телото). Доколку smartphone уредот го носите потпрен на вашето тело, секогаш ставајте го smartphone уредот во футрола за smartphone уред со вграден прицврстувач за на ремен која е испорачана и одобрена од страна на BlackBerry. Ако за носење на вашиот smartphone уред не употребувате футрола со вграден прицврстувач за на ремен која е одобрена или испорачана од BlackBerry, тогаш држете го уредот на растојание од најмалку 15 mm (0,59 in) оддалечен од вашето тело кога smartphone уредот врши емитување. Кога ги употребувате функциите за пренос на податоци на smartphone уредот (на пример, e-mail пораки, PIN пораки, MMS пораки или услуги на пребарување), со или без USB кабел, држете го smartphone уредот најмалку 15 mm (0,59 in) оддалечен од вашето тело. Употреба на галантерија која што не е испорачана или одобрена од страна на BlackBerry може да доведе до тоа вашиот smartphone уред да ги надмине вредностите кои се препорачани во напатствијата за изложеност на радиофреквентно зрачење. Дали има долгорочни здравствени ефекти од надминувањето на стандардите за радиофреквентна изложеност е предмет на тековни научни студии. За повеќе информации околу изложеност на радио фреквенции, погледнете го поглавјето "Информации за сообразност" од овој документ.

Повеќето решенија за носење на smartphone уредите одобрени од BlackBerry (на пример футролите, торбите и торбичките) имаат вграден магнет во нивната физичка структура. Сите предмети кои содржат магнетни ленти, како што се дебитните картички, кредитните картички, хотелските клучеви во форма на картичка, телефонските картички или други слични предмети, немојте да ги поставувате во близина на решенијата за носење. Магнетот може да ги оштети или да ги избрише податоците кои се складирани на магнетната лента.

Магнетомер

Вашиот smartphone уред вклучува магнетомер. Магнетомерот се користи од апликации како на пр. апликацијата за Компас. Магнетите или уредите кои содржат магнети, како на пример футролите, слушалките или мониторите, може да имаат негативно влијание врз прецизноста на магнетомерот. При одредување на вашата локација, а особено во итен случај, не потпирајте се единствено на апликациите кои го користат магнетомерот.

Медиуми

Одредени судски надлежности може да ја забрануваат или ограничуваат употребата на одредени функции на вашиот smartphone уред. Кога снимате, обработувате или ги употребувате снимените фотографии, почитувајте ги сите закони, правила и одредби, вклучувајќи ги и без ограничување, авторските права, приватноста, трговските тајни или безбедносните закони кои можат да се во сила во вашето законодавство. Почитувајте ги личните права на другите луѓе. Авторските права може да ве спречат во копирањето, менувањето, префрлувањето или препраќањето на некои фотографии, музика (вклучувајќи и тонови за ѕвонење) или друга содржина.

Аудио фајлови: Може да дојде до трајно оштетување на слухот доколку слушате аудио фајлови со голема јачина на звук, особено со слушалки. Одбегнувајте го наголемувањето на гласноста во слушалките кога сакате да ја блокирате буката од вашето опкружување. Ако во ушите слушате ѕвонење или придушен говор, консултирајте се со лекар.

Предупредувачка слика за оштетување на слухот.

Камера: Ако вашиот smartphone уред има камера, немојте да ја насочувате камерата директно кон сонцето или друга силна светлина. Во спротивно, може да дојде до тешко оштетување на вашите очи или оштетување на вашиот smartphone уред. При користење на блицот на фотоапаратот, држете ја LED решетката за блицот на оддалеченост од најмалку 19,69 инчи (50 cm) од очите на луѓето.

Антена

Употребувајте ја само испорачаната вградена антена. Неовластени преправки или дополненија на антената може да го оштетат smartphone уредот и може да ги прекршат одредбите на Сојузната комисија за комуникации (англ. FCC - Federal Communications Commission) во САД.

Пречки со електронска опрема

Повеќето современи електронски уреди обично се заштитени од радиофреквентните сигнали. Но, определена електронска опрема може да не е заштитена од радиофреквентните сигнали од вашиот smartphone уред.

Срцеви стимулатори: Во случај да имате било какви прашања во врска со ефектот на радиофреквентните сигнали врз вашиот срцев стимулатор, посоветувајте се со вашиот доктор или со произведувачот на срцевиот стимулатор. Осигурете да го користите вашиот smartphone уред во согласност со безбедносните одредби за вашиот конкретен срцев стимулатор кои можат да ги опфатат и следните напатствија: секогаш држете го вашиот smartphone уред на растојание поголемо од 7,88 инчи (20 cm) од пејсмејкерот кога вашиот уред е вклучен, не носете го вашиот smartphone уред во градниот џеб и користете го увото спротивно од пејсмејкерот за упатување и примање повици на вашиот smartphone уред за сведување на минимум на потенцијалните попречувања. Ако имате било каква причина да се сомневате дека дошло до појава на пречки, веднаш исклучете ги сите безжични врски на вашиот smartphone уред, запрете со негово користење и консултирајте се со лекар.

Слушни помагала: Некои дигитални безжични уреди можат да предизвикаат пречки кај некои слушни помагала. Во случај да се појават пречки, за да ги продискутирате можностите, обратете се до компанијата која го овозможува вашиот безжичен сервис или контактирајте го произведувачот на вашето слушно помагало.

Вашиот smartphone уред вклучува магнетомер, кој се користи од апликациите како на пр. апликацијата за Компас. Доколку апликацијата која го користи магнетомерот предизвикува пречки кај вашето помагало за слух, затворете ја апликацијата.

Други медицински уреди: Ако употребувате каков било друг личен медицински уред, консултирајте се со произведувачот за да дознаете дали вашиот медицински уред е соодветно заштитен од енергија на надворешни радиофреквентни зрачења. Вашиот доктор може да ви помогне да ја добиете оваа информација.

Здравствени установи: Исклучете ги сите безжични врски на вашиот smartphone уред во здраствените установи во кои тоа е пропишано со соодветни правила. Болниците и другите здравствени установи често употребуваат опрема која е чувствителна на надворешно радиофреквентно зрачење.

Воздухоплови: Според одредбите на Сојузната управа за воздухопловство (англ. Federal Aviation Administration - FAA) и Сојузната комисија за комуникации (англ. Federal Communications Commission - FCC), во воздухопловите е забранета употреба на радиоприемниците на безжичните уреди. Пред да влезете во воздухопловот, исклучете ги сите безжични врски на smartphone уредот. Не е познат ефектот на употреба на smartphone уредот со вклучени безжични врски во воздухопловите. Таквата употреба може да влијае врз работата на инструментите во воздухопловот, комуникацијата како и перформансите, при што може да предизвика проблеми во работата на мрежата и да ја загрози сигурноста на воздухопловот, а може да биде и противзаконско. Додека се исклучени сите безжични врски на вашиот smartphone уред, употребувајте ги само програмите кои не се базираат на радио приемникот и кои се во согласност со воздухопловните одредби за електронски уреди.

Опасни подрачја

Вашиот smartphone уред не е безусловно безбеден уред и како таков не е погоден за користење во ризични услови, во кои се неопходни безусловно безбедни уреди, вклучувајќи, без ограничување, во близина на издувни гасови, во ситуации во кои се присутни експлозивни честички, во средини со нуклеарни елементи, за време на управување со авион или при давање комуникациски услуги, за време на контрола на воздушен сообраќај, во близина на уреди за одржување живот или оружени системи.

Потенцијално експлозивни атмосфери: Ако се наоѓате на места со потенцијално експлозивна атмосфера, исклучете ги сите безжични врски на вашиот smartphone уред и почитувајте ги сите знаци и правила. На такви места, една искра може да предизвика експлозија или пожар со тешки последици - телесни повреди, па дури и смрт.

Подрачјата со потенцијално експлозивна атмосфера најчесто, но не и секогаш, се јасно означени. Во оваа групата спаѓаат: бензинските станици и станиците за гас; местата под палубата на бродовите; местата за претовар и складирање на хемиски средства; возилата кои користат течен гас како што се пропан или бутан; подрачјата во кои атмосферата содржи хемикалии или честички, прашина или метален прав, како и секое друго место каде што се препорачува исклучување на моторните возила.

Немојте да го употребувате телефонот на вашиот smartphone уред за да пријавите истекување, ако се наоѓате на местото на истекувањето. Напуштете го тоа подрачје и ако телефонот е достапен и активен на вашиот smartphone уред, и упатете повик од сигурно место.

Подрачја на минирање: Подрачја на минирање: Кога се наоѓате во „подрачје на минирање“ или во подрачја каде што е назначено дека двонасочните радио приемници треба да бидат исклучени, за да избегнете какво било попречување во подрачја во кои се спроведува минирање, исклучете ги сите безжични врски на вашиот smartphone уред и почитувајте ги сите знаци и правила.

Работна температура и температура на складирање

Вашиот smartphone уред и полначот за smartphone уредот се конструирани да работат и да се чуваат во рамки на температура означени во следната табела:

За време на работа на smartphone уредот: 32 до 95°F (0 до 35°C)

При складирање на smartphone уредот (за помалку од 3 месеци): -4 до 95°F (-20 до 35°C)

При складирање на smartphone уредот (за повеќе од 3 месеци) 71,6 до 82,4°F (22 до 28°C)

Кога полначот е во функција: 32 до 95°F (0 до 35°C)

Кога полначот се складира: -22 до 167°F (-30 до 75°C)

Користењето или складирањето на вашиот smartphone уред или дополнителната опрема за smartphone уредот вон препорачаните температурни опсези може да предизвика вашиот smartphone уред да се загрее што може да резултира со сериозна повреда или смрт, или може да предизвика оштетување на smartphone уредот, дополнителната опрема или литиум-јонската батерија.

Smartphone уредот или галантеријата на smartphone уредот чувајте ги подалеку од извори на топлина, како што се радијатори, печки, шпорети или други уреди (вклучувајќи засилувачи) кои произведуваат топлина. Ако немате намера да го употребувате smartphone уредот повеќе од две седмици, исклучете го smartphone уредот.

Чистење и поправање на smartphone уредот

Чистење: Немојте да употребувате течност, аеросолни средства за чистење или растворувачи, врз или во близина на smartphone уредот или дополнителната опрема на smartphone уредот, вклучувајќи ја и батеријата. За чистење употребувајте само сува и мека крпа. Пред чистењето на smartphone уредот или полначот, исклучете ги сите кабли од компјутерот, а полначот исклучете го од електричниот приклучок.

Поправка: Немојте да се обидувате сами да го модификувате, расклопувате или сервисирате вашиот паметен телефон или која било дополнителна опрема за полнење. Не обидувајте се да ја замените вашата батеријата што не може да се отстрани. Само стручен сервисен персонал смее да извршува поправки или заменувања на батеријата на вашиот паметен телефон или дополнителната опрема за полнење, и треба да се користи батерија која BlackBerry ја назначил за употреба со вашиот конкретен модел на паметен телефон.

Ако дојде до некоја од следните можни ситуации, исклучете ги каблите за напојување од компјутерот или од електричниот приклучок и однесете го smartphone уредот или дополнителната опрема за полнење на сервисирање во овластен сервис:
  • Кабелот за напојување, приклучокот или конекторот е оштетен.
  • Врз smartphone уредот или галантеријата за напојување се пролеала некоја течност или врз нив паднал некој предмет.
  • Smartphone уредот или галантеријата за полнење биле изложени на дожд или вода.
  • Smartphone уредот или галантеријата за полнење многу се загреваат.
  • Smartphone уредот или галантеријата за полнење ви паднале или се оштетиле на било кој друг начин.
  • Smartphone уредот или галантеријата за полнење не работат нормално како што е опишано во упатствата за употреба на уредите.
  • Smartphone уредот или галантеријата за полнење покажуваат промена во работните карактеристики.

За да ја намалите опасноста од пожар или струен удар прилагодете ги само оние контроли кои се опишани во упатството за употреба за вашиот smartphone уред. Неправилното прилагодување на останатите контроли може да предизвика оштетување и најчесто ќе доведе до потреба од долготрајна работа на квалификуван сервисер со цел да го поправи smartphone уредот, галантеријата за напојување или која било друга галантерија.

Непочитувањето на сите совети за безбедност содржани во упатствата за употреба на smartphone уредот ќе ја поништи Ограничената гаранција и може да доведе до прекинување или одбивање на сервисните услуги за прекршителот, а против него може да се преземат и соодветни законски мерки.

Фрлање во отпад на smartphone уредот и батеријата

Слика на забранета корпа за отпадоци

Немојте да ги фрлате вашиот smartphone уред или батеријата во корпи за отпад на домаќинството или во оган.

Слика на лого за рециклирање

Вашиот smartphone уред и батеријата имаат можност за рециклирање во соодветни капацитети. Овој симбол не е наменет да укажува на употребата на рециклирани материјали.

За повеќе информации околу рециклирањето на батеријата, јавете се на 1-800-822-8837

Во САД и Канада, можете да го рециклирате вашиот smartphone уред и батерија преку програмата Call2Recycle. За повеќе информации, во САД посетете ја страницата www.call2recycle.org, а во Канада www.call2recycle.ca.

За информации во врска со враќање на вашиот smartphone уред и дополнителна опрема во BlackBerry за рециклирање и безбедно фрлање во отпад, преку прелистувачот на вашиот компјутер, посетете www.blackberry.com/recycling или https://tradeup.blackberry.com. Програмите за рециклирање и враќање се достапни само во одредени подрачја.

Ако овие програми не се понудени во вашето подрачје, проверете со локалната самоуправа за регулативите во врска со правилно фрлање во отпад на електронски производи.

Фрлете ги вашиот smartphone уред и батеријата во отпад во согласност со законите и прописите кои важат за фрлање на тие видови на батерии за вашето подрачје.

Информации за сообразност

Изложување на радиофреквентни сигнали

Радио уредот кој е дел од smartphone уредот, е радио предавател и радио приемник со мала моќ. Дизајниран е да биде во сообразност со одредбите и ограничувањата на Сојузната комисија за комуникации (FCC) на САД, Канадскиот завод за телекомуникации (IC), и Советот на Европската унија, како и други релевантни меѓународни директиви во врска со нивоата на безбедност за изложеност на радиофреквентни зрачења за безжични уреди. Овие напатствија се развиени од независни научници-експерти, влади и организации вклучувајќи го Институтот на инженери по електроника (IEEE), Националниот совет за заштита од радијација и мерења (NCRP) и Меѓународната комисија за заштита од нејонизирачко зрачење (ICNIRP).

За да се биде во сообразност со FCC, IC, ЕУ и другите релевантни меѓународни одредби и ограничувања за изложеност на радиофреквентно зрачење, држете го smartphone уредот најмалку 1,5 cm (0,59 in.) оддалечен од вашето тело. Кога го носите smartphone уредот потпрен на телото, употребувајте само галантерија која располага со вграден прицврстувач за на ремен и која е испорачана или одобрена од страна на BlackBerry. Ако користите опрема која се носи потпрена на телото која не е испорачана од BlackBerry, осигурете се галантеријата да не содржи метал и држете го smartphone уредот најмалку 1,5 cm (0,59 in.) оддалечен од вашето тело.

За да ја намалите изложеноста на радиофреквентно зрачење: (i) користете го smartphone уредот во подрачја со силен безжичен сигнал; (ii) употребувајте hands-free опции; и (iii) намалете го времето кое го минувате во телефонски разговори, или испратете e-mail порака, текстуална порака или BBM порака наместо тоа.

Податоци за специфичната стапка на апсорпција

ОВОЈ МОДЕЛ НА БЕЗЖИЧЕН УРЕД ГИ ЗАДОВОЛУВА ДРЖАВНИТЕ ОДРЕДБИ ЗА ИЗЛОЖЕНОСТ НА РАДИО БРАНОВИ ДОКОЛКУ СЕ КОРИСТИ КАКО ШТО Е НАВЕДЕНО ВО ОВОЈ ДЕЛ.

Smartphone уредот е дизајниран и произведен да не го надмине нивото на емитувана енергија од радиофреквентното (RF) зрачење кое е пропишано од Сојузната комисија за комуникации (FCC) на владата на САД, и препорачано од Советот на Европската унија кога се користи како што е назначено во претходниот дел. Овие ограничувања се дел од сеопфатни напатствија кои го утврдуваат дозволеното ниво на RF енергија за поширока популација. Напатствијата се базираат на стандарди кои се изготвени од независни научни организации преку повеќекратни детални анализи на научни истражувања. Стандардот за изложеност на зрачење од безжичните уреди ја користи мерната единица која е позната како специфична стапка на апсорпција или SAR. Ограничувањето на SAR кое е пропишано од FCC изнесува 1,6W/kg*. Ограничувањето на SAR кое го пропишува Советот на Европската унија изнесува 2,0W/kg**. Испитувањата за SAR се спроведени за стандардните работни позиции кои ги определува FCC при што уредот емитира со најголемата дозволена моќност на сите испитувани фреквенции. Иако SAR се определува со најголемото потврдено ниво на моќност, вистинското ниво на SAR на уредот при неговата употреба може да биде многу под максималната вредност. Ова е така затоа што уредот е дизајниран да работи со повеќе нивоа на моќност при што за пристап до мрежата ја користи најмалата моќност која што му е потребна. Накратко кажано, колку сте поблиску до антената на базната станица, толку помала излезна моќност ќе му биде потребна на уредот.

Највисоката SAR вредност за овој smartphone уред кога е тестиран за употреба со положба на уво е:

Smartphone уред

SAR (W/kg) за 1 g (FCC/IC)

SAR (W/kg) за 1 g (Индија)

SAR (W/kg) за 10 g (R&TTE)

BlackBerry Passport SQW100-1 smartphone уред (број на модел RGY181LW)

0,58

0,50

0,33

Највисоката SAR вредност за овој smartphone уред кога е тестиран за употреба со футрола со вграден прицврстувач за на ремен која е одобрена одBlackBerry или на растојание од 0,59 инчи (1,5 cm) од телото, е:

Smartphone уред

SAR (W/kg) за 1 g (FCC/IC)

SAR (W/kg) за 1 g (Индија)

SAR (W/kg) за 10 g (R&TTE)

BlackBerry Passport SQW100-1 smartphone уред (број на модел RGY181LW)

1,45

1,18

0,49

При употреба во режим на мобилна „жешка точка“, највисоката SAR вредност за овој smartphone уред е:

Smartphone уред

SAR (W/kg) за 1 g (FCC/IC)

BlackBerry Passport SQW100-1 smartphone уред (број на модел RGY181LW)

1,44

Мерењата за време на носење на уредот близу до човечкото тело (препорачана оддалеченост од телото) се разликуваат за различни модели на безжични уреди, вклучувајќи ги и smartphone уредите, и зависат од испорачаната и достапната галантерија и барањата на FCC, IC и Советот на Европската Унија.

FCC издаде одобрение за овој smartphone уред базирано на пријавените вредности на SAR вреднувани во сообразност со напатствијата на FCC за изложеност на радиофреквентно зрачење, доколку smartphone уредот се користи како што е наведено во овој дел. Податоците за SAR вредностите на овој smartphone уред се наоѓаат во FCC и можат да се пронајдат во делот по име Display Grant на адреса www.fcc.gov/oet/ea со пребарување на FCC ID за вашиот smartphone уред кој е наведен подолу.

Smartphone уред

FCC ID

BlackBerry Passport SQW100-1 smartphone уред (број на модел RGY181LW)

L6ARGY180LW

Дополнителни информации за SAR може да се пронајдат на www.ctia.org (CTIA - The Wireless Association), или www.tele.soumu.go.jp/e/index.htm (Биро за телекомуникации на Министерството за внатрешни работи и комуникации).

___________________________________

* Во САД и Канада, ограничувањето на SAR вредностите за мобилни уреди кои се во општа употреба изнесува 1.6W по килограм (W/kg) на просечно 1 гр. од ткивото на телото или главата (4.0W/kg на просечно 10 гр. ткиво за екстремитетите - раце, рачни зглобови, зглобовите на нозете и стопалата).

** Во Европа, ограничувањето на SAR вредностите за мобилни уреди кои се во општа употреба изнесува 2.0W по килограм (W/kg) на просечно 10 гр. од ткивото на телото или главата (4.0W/kg на просечно 10 гр. ткиво за екстремитетите - раце, рачни зглобови, зглобовите на нозете и стопалата). Истражувањата укажуваат на тоа дека овој стандард содржи доволно голема мерка на сигурност за да обезбеди дополнителна заштита на луѓето, а истовремено ги опфаќа и можните разлики во мерењата.

Изјава за сообразност со FCC (САД)

FCC Класа B оддел 15

Овој smartphone уред е во сообразност со одредбите од одделот 15 на Сојузната комисија за комуникации (англ. FCC). При неговата работа, следните два услова се задолжителни: (1) oвој smartphone уред не смее да предизвикува штетни попречувања, и (2) oвој smartphone уред мора да ги прифати сите примени попречувања, па и оние кои можат да предизвикаат несакано однесување на уредот.

ВНИМАНИЕ:
Неовластеното менување или преправање на овој уред може да ја поништи дозволата на корисникот за управување со опремата.

Оваа опрема е тестирана и е во сообразност со ограничувањата за дигиталните уреди од Класа B наведени во одделот 15 од одредбите на FCC. Овие ограничувања се создадени за да овозможат прифатлива заштита од штетни пречки во стамбените простории. Оваа опрема создава, употребува и може да емитува енергија на радиофреквентно зрачење, па оттаму ако не е инсталирана и не се употребува во согласност со напатствијата на произведувачот, може да предизвика пречки кои се штетни за радио комуникацијата.

Меѓутоа, не постои никаква гаранција дека при определена инсталација нема да дојде до тие пречки. Ако оваа опрема предизикува пречки кои се штетни за радио и телевизискиот прием, а тоа може да се утврди со нејзино вклучување и исклучување, на сопственикот му ги препорачуваме следните совети за решавање на овој проблем: сменете и ја ориентацијата или преместете ја на друго место антената за прием, поврзете ја опремата на електричен приклучок кој е различен од оној на кој е поврзан приемникот, или побарајте помош од продавачот или од искусен радио или ТВ сервисер.

Информации во САД за прописите на Сојузната комисија за комуникации (англ. FCC) за компатибилност на слушните помагала со безжичните уреди

Кога безжичните уреди се употребуваат во близина на слушните апарати (како што се слушните помагала и кохлеровите импланти), корисниците можат да слушнат зуење, бруење или шиштење. Некои слушни апарати се поотпорни на овие пречки, а и самите безжични уреди се разликуваат по количеството на пречки кои ги создаваат.

Индустријата на безжична телефонија има развиено група знаци кои ќе им помогнат на корисниците на слушни апарати во пронаоѓањето на безжичен уред кој е компатибилен со нивниот слушен апарат. Не се сите безжични уреди оценети. Безжичните уреди кои се оценети ќе ги имаат истакнато на нивната кутија оценката како и останатите релевантни знаци од атестот.

Знаците не се никакви гаранции. Резултатите ќе се разликуваат во зависност од слушниот апарат на корисникот како и од степенот на губиток на слухот. Ако вашиот слушен апарат е чувствителен на пречки, можно е е дека нема да можете успешно да ги употребувате испитаните безжични уреди со знак.

Советувајте се со вашиот отолог, а тестирањето на безжичниот уред со вашиот слушен апарат е најдобар начин за процена на истиот.

Овој smartphone уред е тестиран и пропишан за користење со помагала за слух за некои од безжичните технологии кои ги користи smartphone уредот. Меѓутоа, кај овој smartphone уред може да се користат други безжични технологии кои не се тестирани за користење со помагала за слух. Особено е важно темелно да ги испробате различните функции на вашиот smartphone уред и тоа на различни локации, за да одредите дали се слушаат шумови кои ќе ви пречат при користењето на smartphone уредот со вашето помагало за слух или кохлеров имплант. Советувајте се со вашиот безжичен оператор околу неговите правила за враќање и промена на уредите, и за информации во врска со компатибилноста на помагалата за слух.

Што значат знаците

M-Знаци: Безжичните уреди кои се означени со M3 или M4 се во сообразност со прописите на FCC и ќе создаваат помалку пречки на слушните апарати од безжичните уреди кои го немаат тој знак. Означувањето со M4 е подобро или повисоко во споредба со М3 знакот.

T-Знаци: Безжичните уреди кои се означени со T3 или T4 се во сообразност со прописите на FCC и најверојатно ќе можат подобро да се користат со слушни апарти кои имаат индукциско петно („T Прекинувач“ или „Телефонски прекинувач“) од безжичните уреди без ознака. Означувањето со T4 е подобро или повисоко во споредба со Т3 знакот. (Ве молиме да забележите дека не сите слушни апарати имаат вградено индукциско петно).

Можно е да се измери отпорноста на слушните апарати на оваа врста на пречки. Произведувачот на вашиот слушен апарат или вашиот отолог можат да ви помогнат да ги пронајдете резултатите за вашиот слушен апарат. Колку повеќе вашето слушно помагало е отпорно, толку помалку пречки ќе имате од безжичниот уред.

За повеќе информации околу активностите кои ги презема FCC во врска со компатибилноста на безжичните уреди со разни слушни помагала, како и за други чекори кои ги превзема FCC за да се обезбеди пристап на луѓето со потешкотии до телекомуникациските услуги, погледнете на веб страницата www.fcc.gov/cgb/dro.

Потврда од канадскиот завод за телекомуникации (Industry Canada)

Овој smartphone уред е во сообразност со RSS стандардите на канадскиот завод за телекомуникации (Industry Canada) со ослободување од лиценца. Функционирањето е предмет на следниве услови: (1) oвој smartphone уред не смее да предизвикува попречувања, и (2) oвој smartphone уред мора да ги прифати сите примени попречувања, па и оние кои можат да предизвикаат несакано однесување на smartphone уредот.

Паметниот телефон BlackBerry Passport SQW100-1 (број на модел RGY181LW) е во сообразност со одредбите на канадскиот завод за телекомуникации (Industry Canada) RSS 102, RSS 130, RSS 132, RSS 133, RSS 139, RSS 199, RSS-GEN и RSS 210 под број на потврда 2503A-RGY180LW.

Користењето на smartphone уредот во фреквентниот појас 5150-5250 MHz е наменето само за во затворени простории, за да се намалат потенцијалните штетни пречки кај мобилните сателитски системи на истиот канал.

Максималното дозволено антенско засилување за smartphone уредите во појасите 5250-5350 MHz и 5470-5725 MHz е во согласност со EIRP ограничувањето.

Максималното дозволено антенско засилување за smartphone уредите во појасот 5725-5825 MHz е во согласност со EIRP ограничувањата наведени за користење точка-точка и не точка-точка.

Обрнете внимание дека радарите со висока моќност се назначени како примарни корисници (т.е. приоритетни корисници) на појасите 5250-5350 MHz и 5650-5850 MHz, и дека овие радари можат да предизвикаат пречки и/или оштетувања на LE-LAN smartphone уреди.

Сообразност со класата B

Овој smartphone уред е во сообразност со ограничувањата на класата B за емитување на радио шум, како што е наведено во стандардот за уреди кои предизвикуваат пречки со наслов „Information Technology Equipment (ITE) – Limits and methods of measurement“ ICES-003 од канадскиот завод за телекомуникации (Industry Canada).

Сообразност со прописите на ЕУ

BlackBerry изјавува дека овој smartphone уред е во сообразност со основните прописи и другите одредби на директивата 1999/5/EC (R&TTE).

BlackBerry Passport SQW100-1 паметен телефон (број на модел RGY181LW): CE-ознака 0168

Изјавата за сообразност во согласност со директивата 1999/5/EC (HG бр.88/2003) можете да ја погледнете на: www.blackberry.com/go/declarationofconformity.

Доколку имате smartphone уред со можности Wi-Fi, вашиот smartphone уред може да се користи на Wi-Fi мрежите во сите земји-членки на Европската унија. Оваа опрема може да се употребува во Турција.

Во Службениот весник на Комисијата на Европската унија, во одлуката од 12 февруари 2007 г., се наведува дека во фреквентниот појас од 5,150 до 5,350 GHz, системите со безжичен пристап (WAS), вклучувајќи ги и локалните радио мрежи (RLAN), треба да бидат ограничени на употреба во затворен простор. Бидејќи поврзувањето со мрежата е во надлежност на безжичната пристапна точка, а самата пристапна точка е главен уред, smartphone уредот никогаш не иницира креирање мрежа или поврзување во ад-хок режим на работа во фреквентниот појас од 5,150 до 5,350 GHz.

Дополнителна сообразност со законите

Подетални информации за сообразноста на вашиот smartphone уред со следните стандарди и законски тела може да добиете од BlackBerry.

Модулот со ласерски сензор кој се користи во овој паметен телефон е во сообразност со следниот стандард на Меѓународната комисија за електротехника (IEC): IEC/EN 60825-1 2007-03 ED 2.0.

За да го погледнете FCC ID, IC бројот на потврда, моделот и информациите за сообразност за вашиот паметен телефон, поминете преку почетниот екран одгоре надолу. Допрете Settings (Поставки) > About (Информации), и изберете Regulatory Approvals (Регулаторни одобренија) од паѓачкото мени.

Информации за производот: BlackBerry Passport SQW100-1 smartphone уред

Механички карактеристики:

Тежина: приближно 194,4 g (6,9 oz) вклучувајќи ја и литиум-јонската батерија

Големина (Д x Ш x В): 128 x 90,3 x 9,3 mm (5 x 3,6 x 0,4 инчи)

3 GB меморија, 32 GB меморија за апликации, отвор за microSD картичка

Следните својства на модулот за ласерскиот сензор може да се однесуваат на вашиот smartphone уред:

Класа 1 ласерски производ

Просечно најголема емитувана енергија: 0,18 mW

Спецификации на напојување:

Литиум-јонска батерија со можност за полнење која што не можете да ја отстраните

Поддржува 3V, 1,8V нано SIM картички

Компатибилност на влез за синхронизација на податоците и полнење на батеријата: micro USB 2.0, micro USB 3.0

Спецификации на радио на мобилна мрежа:

Поддршка LTE за осум појаси: LTE 700, LTE 800, LTE 900, LTE 1800, LTE 1900, LTE 2100, LTE 2300, LTE 2600 MHz појаси

Поддршка за пет појаси HSPA+: UMTS 800/UMTS 850, UMTS 900, PCS 1900, IMT 2100 MHz појаси

Класа на моќност: Класа 1 (PCS 1900), Класа E2 (PCS 1900), Класа 3 (UMTS, LTE)

Фреквенција на емитување: 704 до 716 MHz, 824 до 849 MHz, 832 до 862 MHz, 880 до 915 MHz, 880 до 950 MHz, 1710 до 1755 MHz, 1710 до 1785 MHz, 1850 до 1910 MHz, 1920 до 1980 MHz, 2500 до 2570 MHz

Фреквенција на прием: 734 до 746 MHz, 791 до 821 MHz, 925 до 960 MHz, 1805 до 1880 MHz, 1930 до 1990 MHz, 2110 до 2155 MHz, 2110 до 2170 MHz, 2300 до 2400 MHz, 2570 до 2620 MHz, 2620 до 2690 MHz

Wi-Fi спецификации на радио на мобилна мрежа:

Безжичен LAN стандард: IEEE 802.11a, IEEE 802.11ac, IEEE 802.11b, IEEE 802.11g, IEEE 802.11k, IEEE 802.11n, IEEE 802.11r

Фреквенција за примопредавање за IEEE 802.11b/IEEE 802.11g/IEEE 802.11k/IEEE 802.11n/IEEE 802.11r: 2412 до 2472 GHz

Фреквенција за примопредавање за IEEE 802.11a/IEEE 802.11ac/IEEE 802.11k/IEEE 802.11n/IEEE 802.11r: 5180 до 5825 GHz

карактеристики на Bluetooth радио приемникот:

Поддршка за единечен појас: ISM 2,4 GHz

Фреквенција за примопредавање: 2 402 до 2 480 MHz

Bluetooth Класа 1

Ако вашиот smartphone уред поддржува NFC технологија, важечки се следните спецификации:

Работна фреквенција: 13,56 MHz

Поддржани режими: читач/запишувач, емулација на картички, peer-to-peer

Правно известување

©2015 BlackBerry. Сите права задржани. BlackBerry® и поврзаните трговски марки, имиња и лого-знаци се сопственост на BlackBerry Limited и се регистрирани и/или се користат во САД и државите ширум светот. Bluetooth е заштитена трговска марка на Bluetooth SIG. Call2Recycle е заштитена трговска марка на Call2Recycle, Inc. CTIA - The Wireless Association е заштитена трговска марка на CTIA - The Wireless Association. GSM е заштитена трговска марка на GSM MOU Association. IEEE Std 1725, IEEE 802.11a, 802.11b, 802.11g, IEEE 802.11ac, 802.11k, 802.11r, 802.11n и се заштитени трговски марки на Институтот за електроинженери и инженери за електроника. LTE и UMTS се трговски марки на Европскиот институт за телекомуникациски стандарди (ETSI). Wi-Fi е заштитена трговска марка на Wi-Fi Alliance. Сите други трговски марки се сопственост на нивните соодветни сопственици. Овој документ, вклучувајќи ја целата документација содржана во него како референца достапна на веб-страницата на BlackBerry, е понуден „таков каков што е“ и без никакви услови, потпишување, гаранции, репрезентации од страна на BlackBerry Limited и неговите придружни компании, со јасно одрекување од одговорност до максималниот степен кој е дозволен со применливите закони на вашето законодавство.

Условите за користење на кој било производ или услуга на BlackBerry се дадени во одделна лиценца или друга спогодба со BlackBerry. НИШТО ВО ОВАА ДОКУМЕНТАЦИЈА НЕ Е НАМЕНЕТО ДА ЈА НАПРАВИ НЕВАЖЕЧКА КОЈА БИЛО ПИСМЕНА СПОГОДБА ИЛИ ГАРАНЦИЈА ОБЕЗБЕДЕНА ОД BLACKBERRY ЗА ДЕЛОВИ ОД КОЈ БИЛО ПРОИЗВОД ИЛИ УСЛУГА НА BLACKBERRY ОСВЕН ЗА САМАТА ОВАА ДОКУМЕНТАЦИЈА.


BlackBerry Limited
2200 University Avenue East
Waterloo, Ontario
Canada N2K 0A7

BlackBerry UK Limited
200 Bath Road
Slough, Berkshire SL1 3XE
United Kingdom

Издадено во Канада